Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Евровизија 2025: Избрани се првите десет финалисти

Сцена

Евровизија 2025: Избрани се првите десет финалисти

По возбудливата вечер исполнета со спектакуларни настапи, емоции и гласови од публиката низ цела Европа и светот, ги добивме првите десет финалисти кои ќе се борат за титулата најдобра песна на Евровизија 2025.

Првите финалисти на Евровизискиот натпревар се Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина, а претставниците на Словенија, Белгија, Азербејџан, Хрватска и Кипар останаа непласирани по синоќешното полуфинале.

Маркетинг

Одлуката за финалистите ја донесе исклучиво публиката од 15-те земји-натпреварувачи, потоа од трите земји кои се директно во финалето (Шпанија, Италија и Швајцарија), и публиката од земјите кои не се натпреваруваат низ целиот свет чиј глас се смета како еден – „остатокот од светот“ (Rest of the World).

Претставниците на Шпанија, Италија и Швајцарија настапија надвор од натпреварувањето и не беа изгласани во првото полуфинале, но тие земји имаа право на глас, што беше утврдено со претходната прелиминарна ждрепка.

Второто полуфинале е закажано за 15 мај.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.