Настани
Контроверзниот збор во малтешката песна предизвика бура на „Евровизија“
Британската радиодифузна корпорација (ББЦ) поднесе официјална жалба до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во врска со песната со која Малта ќе настапи на годинешната „Евровизија“. Жалбата е прифатена, а одлуката на ЕБУ предизвика остри реакции во земјата.
Во центарот на овој несекојдневен спор се најде насловот на песната на малтешката претставничка Миријана Конте – „Kant“. Додека на малтешки јазик овој збор едноставно значи „пеење“, неговата фонетска сличност со англискиот вулгарен збор „cunt“ предизвика реакции, особено во британските медиуми.
Миријана Конте: „Шокирана и разочарана сум“
По одлуката на ЕБУ, Миријана Конте се огласи на социјалните мрежи, изразувајќи незадоволство што толку кратко пред финалниот рок треба да направи промена во песната.




