Сцена
Хакери украле разголени фотографии на Мајли Сајрус
Пејачката Мајли Сајрус во јавност често се појавува во гардероба, која повеќе открива, отколку што покрива, а и на Инстаграм објавува фотографии каде најчесто позира со разголени гради.
Освен тоа, таа е позната и по контроверзните настапи на своите концерти, со користење на пластични гениталии.
Меѓутоа, како што објавија американските таблоиди, пејачката сега е во паника, откако хакери од нејзиниот компјутер украле фотографиите на кои таа позира гола и ги продале на интернет портали.




