Шоубиз
Ким љубоморна на Мајли Сајрус: Била блиска со Пит, а по настапот отишла во неговиот дом
Момчето на Кардашијан по заедничкото гостување во емисија ја поканил пејачката да се дружи во неговиот дом, пишуваат странските медиуми. Тоа не и се допаднало на Ким која ја „отследи“ Мајли од Инстаграм
Ким Кардашијан (41) престана да ја следи пејачката Мајли Сајрус (29) на Инстаграм откако нејзиното момче Пит Дејвидсон (28) се дружеше со неа.
Ким престана да ја следи Мајли на 10 декември. Тој ден, медиумите објавија дека Мајли, по нејзиното и гостувањето на Пит во „Tonight Show“, отишла во неговиот дом, што изгледа дека и пречело на Кардашијан.




