Сцена
ХИЛАРИ КЛИНТОН: Верата, јогата и „шардонето“ ми ја вратија силата по поразот на изборите
Молитвата, јогата и одредена дневна доза „шардоне” е рецептот кој ја опоравил поранешната државна секретарка на САД и некогашна прва дама, Хилари Клинтон, по поразот на минатогодишните претседателски избори, кога тесно загуби од Доналд Трамп.
Во говор во една црква во Њујорк, таа меѓу другото рече и дека до денот на изборите не верувала дека ќе изгуби, и дека на крајот била потполно поразена. Таа признава дека тогаш се чувствувала исцрпено, но „молитвите, јогата и малата дневна доза шардоне и ја вратиле силата“.
– Се свртев кон себе, внатрешната сила, кон семејството и пријателите. Користев некоку „алатки“, меѓу кои беше и молитвата. И, се издигнав благословена од многубројните молитви и духовни пораки што луѓето ми ги праќаа, рече Клинтон.




