Сцена
Хит видео: Италијанската режија танцуваше во ритамот на песната на Констракта во финалето на Евровизија
Српската претставничка на Евровизија, пејачката Констракта (43) со песната „In corpore sano“ не само што ја воодушеви публиката која за време на целиот настап ракоплескаше со неа во ритамот на песната, туку и луѓето задолжени за режирање на целиот настан.
На социјалните мрежи се прошири видео направено за време на финалето на Евровизија, на кое се гледа како италијанските режисери се забавуваат во студио додека Србија настапува на сцената.