Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Отворен престижниот Филмски фестивал во Кан

Сцена

Отворен престижниот Филмски фестивал во Кан

Седумдесет и петтиот Кански филмски фестивал беше отворен вчера со црвен тепих, гламур и присуство на светски филмски ѕвезди, посетители и филмски гледачи, враќајќи го фестивалскиот сјај во овој град на Азурниот брег.

-Едноставно сум пресреќен – изјавил претседателот на фестивалското жири, Винсент Линдон, пред бројните новинари.

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

Во официјалното жири водено од францускиот актер Винсент Лидон се ѕвезди како Дипика Падуконе, Ребека Хол, Нуми Рапас, Јасмин Тринка. Асгар Фаради, Џеф Нихолс, Лаџ Лај и Јоаким Трир.

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

Најголемиот светски филмски фестивал ќе трае од 17 до 28 мај, по двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, со гламурозни забави и масовно враќање на публиката во кината.

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби на Мишел Хазанавичиус „Final Cut“, а публиката ќе има можност да ги види холивудските мега хитови како „Top Gun: Maverick“ на Том Круз, кој се појавува на Канскиот филмски фестивал за прв пат во неговата 30-годишна кариера.

На оскаровецот Форест Витакер ќе му биде доделена почесната Златна палма за неговото животно дело, а неговата продукциска куќа ќе се претстави пред публиката во Кан со документарен филм насловен „За мир“, кој е посветен на ужасите од војната во Јужен Судан. .

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

По церемонијата на отворањето, беше емитувано видео обраќање на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое ја повика новата генерација филмаџии да се спротивстават на диктаторите, како што тоа го направи Чарли Чаплин во неговиот филм „Големиот диктатор“, во кој го играше Адолф Хитлер.

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

Не е тајна дека овој настан отсекогаш подразбирал врвна елеганција без никаков акцент на невкусот и вулгарноста, па и овојпат бевме сведоци на женственост и гламур на највисоко ниво.

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.
Please accept [renew_consent]%cookie_types[/renew_consent] cookies to watch this video.