Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Глобалниот феномен „Господарот на танцот“ пристигнува во арена „Борис Трајковски“

МК Сцена

Глобалниот феномен „Господарот на танцот“ пристигнува во арена „Борис Трајковски“

Глобалниот танцов феномен LORD OF THE DANCE, кој го редефинираше ирскиот танц, пристигнува во Македонија на 7 април 2026 година со ново ексклузивно шоу, по повод 30-годишниот јубилеј на оригиналниот перформанс. Настанот ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“, во организација на „Пасворд Продакшн“ и како дел од фестивалот ТАКСИРАТ, и ветува грандиозна прослава на едно од најпознатите музичко-танцови шоуа во светот.

Неверојатните танчери ќе го воодушеват публиката со свежа кореографија, нови костими и современа сценографија, комбинирана со светлосни и специјални ефекти, но и со препознатливото пулсирачко темпо по кое шоуто стана легендарно. Музиката на Џерард Фахи и режисерската визија на Мајкл Флетли создаваат магична аудиовизуелна авантура која ја воздигнува публиката и ја пренесува во митски светови.

Откако премиерно беше прикажано во Даблин во февруари 1996 година, „Господарот на танцот“ стана најпродаваната претстава во историјата на шоу-бизнисот, со настапи во над 60 земји и над 60 милиони обожаватели. Тајната на неговиот светски успех е универзалниот јазик на танцот – пораки кои ги надминуваат возраста, полот, културата и религијата.

Маркетинг

Создадена врз основа на ирскиот фолклор, претставата ја раскажува класичната приказна за борбата помеѓу Доброто и Злото, пренесена низ магични танцови сцени со беспрекорна прецизност и фасцинантни костими. Овој спектакл останува една од најголемите живи легенди во светски рамки и продолжува да поставува стандарди во креативноста и сценската продукција.

Влезниците се веќе достапни во продажната мрежа на МкТикетс

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.