Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зеленски разговараше со Ештон Качер и Мила Кунис и им се заблагодари за помошта

Хуманост

Зеленски разговараше со Ештон Качер и Мила Кунис и им се заблагодари за помошта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали актерската двојка Ештон Качер (44) и Мила Кунис (38) затоа што собрале повеќе од 30 милиони долари помош за Украинците, а претходно разговарале преку видео повик.

Зеленски објави фотографии од видео повикот со Качер и Кунис, која е родена во Украина.

– Тие двајца беа меѓу првите кои одговорија на нашата тага. Благодарен сум за нивната поддршка. Импресионирани од нивната решителност. Тие ја инспирираат нацијата – наведе Зеленски во соопштението.

– Тие им помагаат на внатрешно раселените бегалци со собирање средства. Двајцата веќе собраа близу 35 милиони долари. Им се заблагодарив во името на нашиот народ, во името на сите нас – додаде Зеленски.

Кунис и Качер првично ветија дека ќе обезбедат три милиони долари во донации за да им помогнат на украинските бегалци, но тие биле вчудоневидени и „преплавени од благодарност“ откако пристигнале повеќе од 65.000 доброволни прилози веднаш штом го започнале фондот.

– Нашата работа не е завршена. Ве молиме не престанувајте да донирате. Ова е само почеток на едно многу, многу долго патување – изјавија актерите.

Повеќе од Хуманост

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.