Секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови
По првата успешна донаторска акција, проектот „Да бидеме хумани“ продолжува со хуманост, овој пат за создавање детски насмевки и среќа за секое дете бидејќи секое дете во светот е исто, и секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови.
-Драги наши следбеници, по нашата успешна прва донаторска акција, на наше огромно задоволство го претставуваме второто продолжение на проектот „Да бидеме хумани”. Оваа година со малку поинаков концепт. Да бидеме хумани и донираме да се забавуваме, креираме и посветиме внимание на нашите деца дома, ќе ги наградиме сите дечиња-учесници во хуманитарниот проект, ќе промовираме и поддржиме 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој настан, вели раководителката на проектот Елена Стојчевска.






