Сцена
И ПОКРАЈ ТИТУЛАТА „МАЖ НА ГОДИНАТА“: Рајан Рејнолдс страдал од анксиозност после Дедпул
GQ (Џи Кју) и оваа година ја додели престижната награда „Маж на годината“, а еден од добитниците му припадна на актерот Рајан Рејнолдс.
Иако неодамна тој наполни 40 години, Рајан и понатаму е еден од најпосакуваните холивудски мажи. Покрај тоа, редовно вежба и внимава на исхраната, па изгледа подобро од многу помлади колеги.
Рајан веќе со години е во среќен брак со холивудската миленичка Блејк Лајвли, со која неодамна ја доби втората ќерка и тоа случајно го откри во текот на гостувањето во едно говорно шоу.




