Шоубиз
Тејлор Свифт наводно се одалечува од Блејк Лајвли поради драмата со тужбата на Џастин Балдони
Актерката Блејк Лајвли неодамна го тужеше својот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување и организирање кампања за оцрнување на нејзиниот имиџ. Тој одговори со противтужба во која ја спомна и нејзината блиска пријателка Тејлор Свифт, што наводно го „потресе“ нивното десетгодишно пријателство.
Како што сега тврдат изворите, Свифт повеќе не комуницира со Лајвли. Американските медиуми претходно објавија дека пејачката се оградила од Блејк, но нивната врска дополнително се влошила. Тејлор, исто така, наводно ја одбила поканата за прославата на 50-годишнината на „SNL“ само затоа што Блејк требала да се појави на настанот.
– Тејлор не комуницира со Блејк. Таа беше поканета на „SNL50“, но Блејк беше таму и Ким Кардашијан – тоа е последното место на земјата каде што можевте да ја видите, изјави извор за Дејли Мејл.




