Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тејлор Свифт и Хју Џекмен би можеле да сведочат на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Шоубиз

Тејлор Свифт и Хју Џекмен би можеле да сведочат на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Американските медиуми пренесоа шпекулации дека пејачката Тејлор Свифт и актерот Хју Џекмен наводно би можеле да бидат повикани како сведоци на судењето меѓу актерката Блејк Лајвли и актерот Џастин Балдони.

Имено, Свифт и Џекмен претходно се поврзуваа со оваа правна драма, но сега, според достапните информации, би можеле и официјално да бидат повикани да сведочат. Извор близок до случајот изјавил за Дејли Мејл дека се очекува поканите да бидат доставени веќе оваа недела, а Тејлор наводно веќе чека официјално известување.

Хју Џекмен е вклучен во целата приказна поради неговото блиско пријателство и соработка со актерот Рајан Рејнолдс, со кој глуми во филмот „Deadpool and Wolverine“. Балдони претходно го обвини Рејнолдс дека го исмејувал во филмот „Deadpool“, а со оглед на поврзаноста на Рејнолдс со Џекмен, се очекувало и тој да стане дел од правната сага.

Маркетинг

“Хју ќе мора да сведочи ако случајот оди на суд. Нема шанси да се извлече од тоа”, рекол изворот.

Претходно медиумите објавија дека Блејк Лајвли и се извинила на Тејлор Свифт за нејзината вмешаност во конфликтот со Балдони. Имено, во својата тужба, вредна 400 милиони долари, Балдони тврди дека Лајвли ја искористила популарноста на Тејлор за дополнително да ја консолидира контролата врз продукцијата на филмот „It Ends With Us“. Во официјалниот трејлер за споменатиот филм е искористена и песната „My Tears Ricochet“ од албумот на Тејлор наречен „Folklore“.

Блејк Лајвли беше првата што поднесе тужба во декември минатата година, во која изјави дека Балдони водел „кампања за оцрнување“ против неа, со обвинувања за сексуално вознемирување за време на снимањето на филмот „It Ends With Us“. Балдони одговори со противтужба за клевета, барајќи отштета од 400 милиони долари. Тужбата е насочена не само против Лајвли, туку и против Рајан Рејнолдс и угледниот The New York Times, кој објави опширен напис за нејзините наводи.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.