Сцена
Кендал Џенер како Мерилин Монро на црвениот тепих во Кан (ФОТО)
Кендал има искуство со црвениот тепих уште од мали нозе, а со оглед на фактот дека таа е една од најбараните модели на денешницата, не може да ве зачуди тоа што таа умее да ја направи најдобрата поза за фотографите.
Овој пат Кендал Џенер прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан, со креација со цветен дезен на дизајнерот Гиамбатист Вали.
Со долгиот фустан, младата сестра од кланот Кардашијан на отворањето во Кан носеше златни сандали, а стајлингот беше надополнет со дијамантските обетки.




