Сцена
Ким Кардашијан тужи интернет весник кој тврди дека го измислила грабежот
Американската ѕвезда на реалити телевизиските шоуа, Ким Кардашијан поднесе тужба против еден американски интернет весник, затоа што објаву дека е „лажна жртва“ на грабеж во Париз.
Не е познато колкав износ пари бараат Кардашијан и нејзините адвокати како надомест за „претрпената штета на нејзиното име и углед“ со написите во интернет весикот, во кои таа е прикажана како „лажливка и крадец“.
Минатата недела светските медиуми објавија дека Кардашијан била ограбена во еден стан во Париз од засега непознати крадци, кои со вперен пиштол и го одзеле целиот накит вреден 10 милиони долари.




