МК Сцена
Македонски музички имиња на главната вечер на Таксират
За заокружување на годинашното издание, ТАКСИРАТ ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со дел од најголемите македонски музички имиња во живо!
Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, ТАКСИРАТ со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава!
Фестивалското финале кое ќе се одржи на 9-ти декември (петок), ќе се памти по специјалните настапи на македонските хедлајнери, кои публиката на ТАКСИРАТ прв пат ќе има прилика да ги види и чуе сите заедно на иста сцена, во иста вечер:




