Сцена
Колтон Хејнс: Мојот татко се самоуби кога дозна дека сум хомосексуалец
Ѕвездата на телевизиската серија „Стрела“, 28-годишниот Колтон Хејнс, во интервју за магазинот „Аут“ изјави дека неговиот татко извршил самоубиство, откако дознал дека тој е хомосексуалец.
Колтон пораснал во американската сојузна држава Канзас, за која вели дека е место каде „не може да се биде хомосексуалец“.
Кога првпат открил дека е хомосексуалец, школските другари почнале да го малтретираат, а мајка одбивала да го прифати тој факт.




