Сцена
Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал
Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро синоќа го отвори 22. Сараевски филмски фестивал (СФФ), за кој во својот говор истакна дека е „роден во мрачен и опасен период“.
Де Ниро ја прими наградата „Почесно срце на Сараево“ за животно дело пред околу 3.500 посетители на сцената на Летното кино Телемах-Металац, а наградата му ја врачи директорот на СФФ, Мирсад Пуриватра.
– Ќе го чувам „Срцето на Сараево“ и ќе го паметам овој град со задоволство, бидејќи нема многу градови во светот кои биле храбри и покажале срце кога било најпотребно во најтешките моменти, порача светскиот актер.




