Сцена
Кралското семејство им се заблагодари на сите за венчавката
Британското кралско семејство им се заблагодари на сите кои дојдоа или ја гледаа свадбата на принцот Хари и актерката Меган Маркл, кои сега официјално се војводата и војвотката од Сасекс.
– Им благодариме на сите кои дојдоа во Виндзор и на сите оние кои ја следеа венчавката ширум Велика Британија, Комонвелтот и целиот свет, напиша кралското семејство на Твитер.
На церемонијата присуствуваа околу 600 гости, меѓу кои беа и личности од јавниот живот како Опра Винфри, Викторија и Дејвид Бекам, Џорџ и Амал Клуни, Елтон Џон, Том Харди и други.




