Шоубиз
Се омажи српската пејачка Теа Таировиќ
Српската фолк ѕвезда Теа Таировиќ денеска се омажи за својот партнер Иван Вардај, а прославата се одржа на имот во близина на Нови Сад.
Теа и Иван го кажале судбоносното „да“ на интимна церемонија. Свадбата се одржа под купола украсена со цвеќиња во луксузниот ресторан „Baron Castel“ на самиот брег на Дунав.
На прославата во родниот град на пејачката присуствуваат 120 гости, семејството и најблиските пријатели и колеги.




