Сцена
Луксуз и семејна идила: Петар Грашо ѝ подари на Хана Хуљиќ стан на Јахорина вреден 200.000 евра
Популарниот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ уживаат во новиот луксузен стан на Јахорина, вреден 200.000 евра. Иако Грашо го купил имотот уште пред две години, оваа тема неодамна повторно го привлече вниманието на медиумите, благодарение на атрактивната локација и архитектонската уникатност на комплексот.
Станот се наоѓа во ексклузивна зона, каде цените надминуваат 4.000 евра за квадратен метар, а од прозорците се простира поглед кон густа борова шума, создавајќи вистинска зимска идила.
Љубовен подарок за Хана и малата Алба
Според српски „Курир“, Грашо ѝ го посветил овој дом на својата сопруга Хана по раѓањето на нивната ќерка Алба, со цел целото семејство да ужива во магијата на Јахорина.




