Шоубиз
Што содржи чантата со подароци од 1 милион долари на Златните глобуси?
Сите добитници на 82. Златен глобус, покрај позлатена статуа, добија и чанта со логото на престижната награда, која сама по себе е ексклузивна, а која содржи и подарок ваучери за козметички третмани, најскапи вина и патувања од соништата од Индонезија до Финска. Целиот пакет вреди рекорден милион долари.
Имено, специјалната чанта од најубав велур е дизајнирана од луксузната модна куќа Atlas Bespoke, која е специјализирана за изработка на облека по нарачка од најфини материјали. Чантата од брусена кожа е обложена со органски памук одвнатре и има двојна рачка и челични зајакнувања на рабовите. На неа има знак кој открива дека чантата му припаѓа на добитникот или добитниците на голема филмска награда.
