Сцена
Мајли Сајрус ќе глуми во телевизиската серија на Вуди Ален
Легендарниот режисер и сценарист Вуди Ален подготвува телевизиска серија за Амазон, а за една од улогите ја ангажираше поп-ѕвездата Мајли Сајрус, која со новата работа веднаш се пофали на нејзиниот Инстаграм.
Сајрус ќе игра во серијата со Ален и Елен Мај.
Станува збор за за шест получасовни епизоди чија приказна е сместена во 60-тите години на 20-тиот век. Снимањето почнува во март. Целиот проект се уште нема име, пишува Њујорк тајмс.




