Сцена
Македонската Ева Мендез, Мартина Михајловска, е новото лице на „Бекстејџ“
Тимот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ е освежен со ново име и лик. На позицијата водителка, на Миа Костова ќе и се придружи Мартина Михајловска.
Убавата црнокоса е активна како модел во модната агенција „Црнокрак“ последниве година и половина, а во кругот на пријателите и соработниците во модните кругови е позната и како македонската Ева Мендез.
Со ваквиот чекор, тимот на Бекстејџ останува верен да идејата – убави жени да ги возат гледачите низ светот на забавните информации.




