МК Сцена
Македонските хип хоп танчери светски вице-шампиони
Второ, петто и шесто место освоија танчерите од танчерското студио „Beatrix Crew“ од Скопје на Светското првенство во модерни танци кое се одржа минатата недела во Пореч, Хрватска. Со трите награди во категорија Urban Dance Styles тие го постигнаа најдобриот пласман за Македонија.
Во Пореч тие се претставиле со три хип хоп точки и со сите се пласирале во финалето во категорија Urban Dance Styles, формација А-лига.
Второ место освоила возрасната група Evoke во конкуренција од 47 групи, петто место од 40 пријавени освоила возрасната група Colors и шесто место во истата категорија со јуниорската група Yung Trixtz. Групата Colors освоила и специјална награда доделена од самата федерација ESDU за најдобра кореографија во категоријата Urban Dance Styles.




