Сцена
Марк Цукенберг и неговата сопруга Присила Чан очекуваат бебе
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, соопшти дека тој и неговата сопруга Присила Чан очекуваат девојченце.
На семејната фотографијаи со која ја соопштија радосната вест, двојката, исто така, ги сподели и проблемите со кои се соочувале додека се обидувале да го основаат семејството.
„Сакаме со Вас да го споделиме нашето искуство“, напиша Марк. „Веќе неколку години се обидувавме да добиеме бебе и во тој период имавме три спонтани абортуси“.




