МК Сцена
Фед Ле Гранд приреди шоу на отворањето на Хајнекен Грин Бич Фестивал во Охрид
Хајнекен Грин Бич Фестивал вчера беше местото. Под полната Месечина на брегот на Охридското Езеро, Фед Ле Гранд приреди незаборавно шоу, кое долго ќе го раскажуваат преку 7-те илјади посетители на највозбудливиот подиум во Македонија, каде се танцуваше до зора.
Супериорниот Хајнекен Грин Бич Фестивал, низ 6-те години од своето постоење, на македонската публика и на бројните воодушевени туристи на охридското крајбрежје им ги овозможи епските настапи на Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен, Роџер Санчез и многу други клучни имиња во денс историјата. На оваа елитна листа, ова лето го додадовме и Фед Ле Гранд.
Откако домашните диџеи, Боби, Ајсберг и Лефанк вчера го подготвија теренот за човекот кој со воодушевување е пречекан на најславните подиуми на Планетата, Фед Ле Гранд ја презеде сцената и ја пламна публиката на плажа Парк.




