Сцена
Марк Вoлберг – најплатен глумец во светот
Според годинешната листа најплатени актери во светот на списанието „Форбс“, првото место му припадна на Марк Волберг (46), кој изминативе 12 месеци заработил 68 милиони долари.
Ѕвездата на хит комедијата „Ден на патриотите“ и „Трансформери“, некогашниот рапер кој стана глумец, се најде пред Двејн Џонсон, кој има заработка од 65 милиони, а на трето место е ѕвездата на „Брзи и Бесни 8“ и „ХХХ 3“, Вин Дизел, со 54,5 милиони долари.
Следуваат Адам Сендлер, Џеки Чен, а меѓу први десет се и Роберт Дауни Џуниор Том Круз, како и боливудските ѕвезди Шах Рук Кан, Салман Кан и Акшеј Кумар, кои имаат заработка од малку над 35 милиони долари.




