МК Сцена
Американските рок легенди ТОТО ќе настапуваат во Скопје
Eден од најголемите американски бендови на сите времиња – ТОТО, за прв пат доаѓа во Скопје, со концерт во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење, на 5-ти март 2018-та година, во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Познати по своите врвни свирачки достигнувања, ТОТО е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а членовите ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“.
Во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена “40 Trips Around The Sun”, со која одбележуваат 4 децениска работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.





