Настани
Моден викенд Скопје од 30 март до 1 април и на нова локација
Моден викенд Скопје го најавува своето седумнаесетто издание кое ќе се одржува од 30 март до 1 април под слоганот „What feeds your imagination?“.
Во нов и необичен амбиент – Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, изминатиот викенд пред фото објективите застана новата FWSK девојка од модната агенција „Подиум“ Мануела Гочевска.
Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје.





