Настани
На EXIT доаѓа легендарниот Џорџ Клинтон со Parliament-Funkadelic!
Џорџ Клинтон, иконата на фанк музиката и еден од највлијателните музичари на сите времиња, ќе настапи на 8 јули во петок на главната бина и тоа во придружба на својот славен бенд Parliament-Funkadelic!
Тоа ќе биде настап на музичарите кои уште во 1997 година беа примени во Рокенрол куќата на славните, во која ги воведе токму Prince (Принц) – најпознатиот штитеник на Clinton! Д-р Фанкенштајн, како што често го нарекуваат Clinton, на Exit (Егзит) ќе ги претстави некои од најголемите хитови на фанк музиката, како што е и „Atomic Dog“, големиот хит и првопласираниот на светските топ листи, воедно и една од најсемплуваните песни во хип-хоп музиката, благодарение на која беше лансирана и кариерата на Snoop Dogg (Снуп Дог)!
Clinton имаше немерливо влијание врз хип-хоп сцената соработувајќи и продуцирајќи заедно со најголемите имиња на овој жанр како што се Kendrick Lamar (Кендрик Ламар), Ice Cube (Ајс Кјуб), Jay Z (Џеј Зи), Dr. Dre (Д-р Дре), 2Pac (ТуПак), Notorious B.I.G (Ноториус БИГ), 50 Cent (Фифти Сент) и многу други. Докторот на фанкот како инспирација го наведуваат и други најголеми музичари како што се од прв ранг Prince, Daft Punk (Дафт Панк) и Red Hot Chili Peppers (Ред Хот Чили Пеперс).




