Музика
Новиот хит на Џастин Тимберлејк „Can’t Stop The Feeling“ доби „танцувачки“ спот (ВИДЕО)
Џастин Тимберлејк се врати на работа и пред помалку од два недели ја промовираше нова песна „Cant’ Stop The Feeling“, која ќе се најде на саундтракот на новиот филмски хит „Тролови“.
По промоцијата на песната, која се очекува да биде еден од главните хитови претстојново лето, Џастин сега објави и спот за неа.
Џастин во спотот танцува во целосно бела комбинација, но видеото вклучува и голем број други лица, кои на различни места и во различни пригоди танцуваат на заразниот ритам.



