Настани
43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-27 август: „Ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа“
Најновото 43-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20 до 27 август во Битола.
-Годинава фестивалот ќе трае подолго, ќе трае осум дена и ќе изобилува со програми. Годинава имаме 14 играни филмови, 12 во кратката програма, ја враќаме документарната програма, студентската програма повторно ја враќаме, ќе имаме гости од светски академии за филм и мак корнер програмата… Годинава имаме добитник, симболот на „Браќа Манаки“, имаме исклучителен добитник, што се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил Оскар за филм снимен со дигитална камера, а тоа е господинот Ентони Дод Ментл кој е снимател на филмовите на Ларс фон Трир, на Дени Бојл, и бројни холивудски филмови. Сестран кинематографер со документарни остварувања на дигитални долгометражни, краткометражни филмови. Како и браќата Манаки вистински пионер во својата област. Тој ќе ни дојде и ќе биде гостин во Битола, ќе ја прими наградата која е симболот и знакот на нашиот фестивал, истакна на денешната средба со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Сименон Мони Дамовски, која се одржа во хотел Парк.










