Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Заврши „Пивофест 2022“ – Спектакуларно 18. издание на фестивалот

Настани

Заврши „Пивофест 2022“ – Спектакуларно 18. издание на фестивалот

Во Прилеп се одржа фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пивофест 2022“.

Фестивалот стартуваше во четвртокот, а според бројот на посетители и интересот, уште првиот ден беше јасно дека годинава ќе бидат надминати сите очекувања на организаторите во однос на посетеноста. Според проценките, над 150.000 луѓе беа дел од настаните и настапите на изведувачите во текот на четирите фестивалски вечери. Посетители имаше од цела Македонија, но и од регионот, посебно вчера и во саботата.

Координираноста и посветеноста на општинските институции и МВР придонесоа сите четири дена да поминат во најдобар ред. После завршувањето на секоја фестивалска вечер, градот беше чист и целосно подготвен да ги пречека новите гости. Организаторите од „Арт10 продукција“ и општина Прилеп се посебно горди што граѓаните имаа можност да уживаат во музика, пиво и скара, без забавата да им ја наруши ниту еден најмал инцидент.

– Посебна благодарност до сите кои на свој начин придонесоа да имаме спектакуларно издание на „Пивофест 2022“. Рокот за организација ни беше само 27 дена, но и покрај сите опструкции со лажни вести и борбата за сензации кои не следеа пред фестивалот, докажавме дека за помалку од еден месец, доколку се настапи сериозно и посветено, со тим од докажани професионалци, може да се организира еден ваков масовен фестивал. Не беше лесно, но едноставно, знаевме што правиме и сакавме народот кој присуствуваше и следеше по медиумите, сам да види како годинава поминува фестивалот, бидејќи главна цел ни беше задоволна и среќна публика. Тоа што немавме ниту еден инцидент и тоа што секое утро градот беше чист и подготвен, како и големата посетеност, поддршката од публиката и медиумите, само покажа во каква атмосфера поминаа сите фестивалски денови. Благодариме на општината и на градоначалникот за довербата и за посветеноста во целата организација, благодариме и на припадниците на МВР кои до раните утрински часови се грижеа за безбедноста на посетителите и за сообраќајот во градот – велат од „Арт10 продукција“, која годинава беше организатор на фестивалот.

This slideshow requires JavaScript.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.