Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АКУСТИЧНА МАГИЈА: Брајан Адамс со ексклузивен концерт пред само 2.500 фанови!

Настани

АКУСТИЧНА МАГИЈА: Брајан Адамс со ексклузивен концерт пред само 2.500 фанови!

Легендарниот Брајан Адамс доаѓа во Македонија со својот ексклузивен „Bare Bones Tour – Best of Acoustic“, кој ќе се одржи на 27 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Овој интимен акустичен концерт ќе биде вистинско уживање за љубителите на неговите безвременски хитови, со ограничен капацитет од само 2.500 седишта.

Адамс, кој важи за еден од најголемите рок-изведувачи на сите времиња, ќе настапи во придружба на својот долгогодишен соработник, пијанистот Гери Брајт. Со глас, гитара и пијано, канадската ѕвезда ќе исполни некои од своите најголеми хитови, меѓу кои „Heaven“, „Summer of ’69“, „Please Forgive Me“, „All for Love“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

„Bare Bones“ е ретко изведувана концертна програма, која Адамс ја приредува само неколку пати во годината, нудејќи неповторливо музичко доживување во својата најчиста форма.

Маркетинг

Влезници и продажба

Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба на четврток, 27 февруари, во 10:00 часот преку платформата avalonbooking.mk. Поради ексклузивноста на концертот, сите влезници ќе бидат со нумерирани седишта за целосно уживање во овој акустичен спектакл. Деталите за цените и категориите ќе бидат објавени вечерва во 19:00 часот на официјалните канали на организаторот.

📅 Датум: 27 април 2025
📍 Локација: СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
🎟 Продажба на билети: од 27 февруари на avalonbooking.mk

Концертот на Брајан Адамс во Скопје се најавува како најголемиот музички настан оваа пролет во Македонија. Ова е единствена можност за фановите да уживаат во неговата музика во интимна атмосфера, без големи сценски ефекти – само чиста емоција и безвременски хитови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.