
Настани
Андреа Мирческа е првата жена добитник на наградата Golden Oryx од „Катар ервејс“
Басистката Андреа Мирческа е добитник на годинешната награда за најдобар млад џез музичар „Златен Орикс“ (Golden Oryx) доделена од „Катар ервејс“ како дел од Скопскиот џез фестивал. Авиокомпанијата, која е традиционален поддржувач на фестивалот, ја доделува наградата за најдобар млад џез музичар веќе трета година по ред за поддршка на младите музичари во нивните достигнувања од областа на културата.
Овогодинешната добитничка Мирчевска е прва жена која ја добива оваа награда, откако претходните две години признанието заврши во рацете на пијанистот/клавијатурист Филип Димишковски и тапанарот Виктор Филиповски. Наградата ѝ беше врачена во вторникот на церемонијата во МКЦ клуб-ресторан во Скопје.
„Катар ервејс“ е горд што ги поддржува наградите кои придонесоа за развој и популаризација на џезот кај музичарите и пошироката јавност.



