МК Сцена
Драган Теодосиев – најдобар млад македонски џез музичар
Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев.
Тој е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.





