Настани
Билетите за Златна Бубамара ќе бидат пуштени во продажба во четврток во 12 часот
Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која одбележавме сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.
Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе раскаже измината година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.
Во ова време на енергетска, инфалциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение.






