Настани
Авторски концерт на Роџер Ино со оркестарот на Филхармонија
Овој четврток, со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Седеф“ на кој ќе биде изведена авторска музика од британскиот композитор и пијанист Роџер Ино.
На концертот премиерно ќе биде прозвучи нова музика во аранжмани и оркестрација на Џијан Емин, кој ќе застане и зад пултот како диригент. Концертот има мултимедијален карактер и освен музика, ќе биде надополнет и со моќни визуелизации, поезија, филм…
-Со гордост го најавуваме гостувањето на Роџер Ино, еден од највлијателните автори на светската музичка сцена. Во последно време Филхармонија на публиката и презентира малку поинаква музика од класичната, сакаме одвреме навреме да истражуваме и во други звучни сфери и да се обратиме на поширок круг публика. Таков ќе биде и овој концерт на Роџер Ино, кој заедно со неговиот брат Брајан Ино се „татковци“ на т.н. амбиентална музика – вели Тина Иванова, директорка на Филхармонија.





