Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

EXIT и IQOS приредуваат специјална снежна журка во Маврово!

Настани

EXIT и IQOS приредуваат специјална снежна журка во Маврово!

По низата минатогодишни акции, EXIT (Егзит) и IQOS (Ајкос) повторно ги здружуваат силите за музички настан на специјална локација, овој пат на „Трифкова колиба“ во македонскиот ски-центар Маврово, кој ќе се одржи во сабота, 11 март! Незаборавна дневна забава, како своевидно загревање за овогодишниот EXIT фестивал, ќе приреди француската афро-хаус музичарка AWEN, позната по соработката со продуцентскиот колектив Keinemusik, како и грчките продуценти и диџеи Liva K, Atsou и Le Croque, а влезот ќе биде слободен за сите посетители!

Домаќини на снежната журка на Маврово ќе бидат IQOS и EXIT фестивал, кои заедно ќе ја угостат една од водечките етикети на афро-хаус сцената – MadorasInTheHouse (МадорасИнДХаус). Пред влијателната етикета на „Трифкова Колиба“ на 11 март пристигнува париската пејачка, продуцентка и диџејка AWEN (Авен), главниот вокал на траката Your Voice, најслушаниот афро-хаус хит во 2022 година, кој само на платформата „Спотифај“ брои дури три милиони слушања. Ремикс на оваа трака направи Adam Port (Адам Порт) од еден од најбараните електронски колективи на денешницатат Keinemusik (Каинемузик), со кој музичарката ќе настапи на „Коачела“ во април годинава!

Како претставници на оваа етикета, на Маврово пристигнуваат и грчките продуценти и диџеи Liva K (Лива К) и Atsou (Атсу), кои зад себе имаат неколку заеднички изданија, а чиј нов ремикс за песната I Say a Little Prayer for You беше водечката трака на хаус топ-листите во јануари. Им се придружува и LeCroque (ЛеКрок), кој минатата година беше на „Траксорс“ листата на 500 најслушани изведувачи на електронската музика.

Влезот на забавата на „Трифкова Колиба“ во македонскиот скијачки центар Маврово на 11 март ќе биде слободен и отворен за сите посетители.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.