Настани
BORIS BREJCHA пристигнува на ТАКСИРАТ и прв пат во Македонија!
Фамозниот маестро БОРИС БРЕЈЧА (Boris Brejcha) конечно пристигнува кај нас и тоа на главната бина на најголемиот зимски музички фестивал во регионов, скопскиот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ!
Суперѕвездата на новата генерација, големиот мајстор кој создаде свој звук и со вртоглав подем на самиот врв на светската сцена дочека неговиот „high-tech minimal“ да биде еден од најпопуларните правци на денешницата, на 7-ми декември за прв пат ќе настапи во Македонија, во Арена Борис Трајковски во Скопје.
Неговиот настап како предводник на главната вечер на Таксират доаѓа во моментот кога тој е поголем од било кога и речиси веднаш по објавувањето на неговиот нов, јубилеен 10-ти албум. Од електронската музичка сцена, заедно со Борис Брејча ни пристигнува и неговата долгогодишна соработничка во нивната заедничка етикета „Fckng Serious“, харизматичната АН КЛУ (Ann Clue) позната по своите непредвидливи сетови кои со посебна енергија ги освојува подиумите низ целата планета.





