Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Златна топка: Доделени фудбалските награди на гламурозен настан во Париз (ФОТО)

Настани

Златна топка: Доделени фудбалските награди на гламурозен настан во Париз (ФОТО)

Златна топка: Доделени фудбалските награди на гламурозен настан во Париз (ФОТО)

Во изборот на Франс Фудбал наградата за најголемо индивидуално признание во светот на фудбалот по седми пат му припадна на аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Овој настан кој се одржува секоја година, организиран од Франс Фудбал, ги слави најдобрите фудбалери и фудбалерки со гласање на новинари од целиот свет.

Добитник на женската Златна топка за 2021 година е ѕвездата на Барселона, Алексија Путелас. Педри е добитник на наградата Трофеј Копа, која е награда за најдобар играч до 21 година од 2021 година. Џанлуиџи Донарума го освои трофејот Јашин, кој се доделува на најдобриот голман.

Две нови признанија беа доделени за првпат оваа година, и  добитник на наградата за најдобар стрелец на годината беше Роберт Левандовски, а наградата за најдобар клуб на годината ја доби Челзи, по нивниот успех во Лигата на шампионите минатата сезона.

Најдобрите светски фудбалери присуствуваа на годишната церемонија за доделување на Златната топка во Париз. Слободно може да се каже дека и на црвениот тепих беа одлични како и на теренот.

Тие прошетаа на црвениот тепих заедно со своите партнери.

Лионел Меси беше придружуван од сопругата Антонела Рокузо и трите синови – Тијаго, Матео и Чиро, кои беа облечени исто како својот татко.

Холивудската двојка Зендаја и Том Холанд исто така се појави на настанот промовирајќи го новиот филм на „Спајдермен“ и за оваа специјална пригода актерката од „Еуфорија“ носеше црн фустан со отворен грб и имаше златен додаток на ‘рбетот. Додека главниот актерот од „Спајдермен“ и дозволи на својата девојка да го украде вниманието и се одлучи за класичен црно-бел смокинг.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.