Настани
Бурак Јетер ги носи хитовите кои ја освоија планетата, на големиот Егзитов настан во Струмица!
Бурак Јетер, турскиот продуцент, диџеј и автор на едни од најголемите светски хитови „тешки“ речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“, изминатава деценија ја освојува планетата, радискиот етер и најголемите фестивалски сцени со својата музика, но и со атмосферата и енергијата која ја креира каде и да се појави. По настапот на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал, каде што до утро ги држеше разиграни дестиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист и уште еднаш го потврди статусот на мега-ѕвезда, на 7 септември пристигнува во преубавиот струмички Градски парк на Get EXITed спектаклот!
Растејќи во родната Турција, Бурак Јетер бил успешен студент, по што станал инженер, специјализиран за изградба на автопати. Му нуделе богата кариера во струката, а семејството и пријателите биле горди на него. Меѓутоа, како во секоја филмска приказна за успехот и за остварувањето на својот сон и страст, паралелно тој работел на себе, на својата диџејска вештина, но и продукцијата на звук. По студиите во Турција, го продолжил школувањето во Лондон, каде што станал инженер за звук и со тоа ја отворил вратата кон музичката кариера.






