Настани
44. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски
Оскаровецот Питер Бижу добитник на Златна камера 300 за животен опус, а Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.
Годинешното 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола, а ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски.
На денешната конференција за новинарите која се одржа во „Хотел Парк и спа“, директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски го соопшти добитникот на Златна камера 300 за животен опус, а претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов- Изи го претстави лауреатот на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.







