Настани
Две недели до Егзитовиот спектакл во Струмица: Незапирливиот Џон Њуман пристигнува на големата Get EXITed забава!
Глобалната поп и соул сензација Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои достигнуваат до самиот врв на водечките топ листи. Единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј, на 7 септември на големиот Get EXITed спектакл пристигнува со хитовите тешки повеќе од 2,5 милијарди стримови и тоа во својот специјален хибриден настап! Жанровски шареноликата програма ја заокружуваат глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и регионалните ѕвезди Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, а влезот е слободен за сите посетители!
Џон Њуман денеска стои зад песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“, „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други, а дури девет негови нумери беа број еден на водечките светски топ листи. Вештината на овој извонреден британски уметник да пренесе длабока емоција низ секоја нота долги години континуирано ги воодушевува фановите ширум светот, а неговата способност да спојува и преплетува различни музички елементи, од поп, соул и електроника, балади и денс хитови, одамна ја освои планетата и се покажа како формула за неговата автентичност и успех.






