Настани
„Чичко“ утре го отвора МФФ Киненова: Актерската ѕвезда Горан Богдан и режисерите Давид Капац и Андрија Мардешиќ гости на Фестивалот
МФФ Киненова на денешната прес конференција претстави дел од екипата од филмот „Чичко“ кој утревечер го отвора Фестивалот. Во Скопје допатуваа режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, кои го потпишуваат хрватскиот филм „Чичко“ и актерот Горан Богдан, кој покрај Мики Манојловиќ толкува една од главните улоги. Со нив разговорот го започна уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска која ги претстави гостите од Хрватска.
-Не доаѓам прв пат во Скопје. Сум го посетувал и како студент тогаш доаѓав на „Скомрахи“, бев и на неколку фестивали. Го сакам Скопје и прекинав едно снимање за да дојдам, рече Богдан.
Вели дека несигурноста е составен дел на оваа професија.






