Настани
Концертен спектакл „Фузија“ – светски познатата виолинистка Ирина Мурезану ќе гостува во Скопје на 2 ноември
По успешната турнеја во Италија и спектакуларниот концерт на „Охридско Лето”, камерниот оркестар „Профундис“ со нов, уникатен проект ќе се претстави пред македонската публика.
Концертот насловен „Фузија“ ќе спои два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија заедно со светски познатата виолинистка Ирина Мурезану (САД/Романија) која за првпат ќе настапи во Македонија.
Романската виолинистка Ирина Мурезану ги освојува срцата на публиката и на критичарите со нејзините возбудливи, елегантни и искрени изведби на класичниот, романтичен и модерен репертоар. Бостон Глоуб ја пофали како „не само виртуоз, туку и уметник“, а Лос Анџелес Тајмс напиша дека нејзиниот „музички сјај, топена лирика и колоритна концепција ја прават изведбата на Ирина Мурезану особено восхитувачка“. Свири на виолина од 450.000 евра и е лауреат и добитничка на главната награда на натпреварите за виолина во Монтреал Интернационал, Вашингтон Интернационал, Про Музицис Интернационал и наградата Кралица Елизабета 2.





