Настани
„Deeper Underground Festival“ се сели во Скопје
Од логистички причини – избегнување на гужви, паркинг и можност за 100% спроведување на протоколите, Авалон Продукција заедно со менаџментот и артистите на фестивалот, одлучи Скопје да биде домаќин на првото издание на DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL кој ќе се одржи на просторот на А1 арената на отворено!
За жал, наместо тридневен фестивал, ќе имаме настан што ќе трае два дена од следнава причина.
Имено, поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моменталната состојба со Корона вирусот во нивната држава, Италија, не сме во можност да обезбедиме 100 % сигурен транспорт за него и поради тоа, доаѓањето на Meduza во Македонија ќе остане за некоја друга и подобра прилика.




