Настани
Доделувањето на „Еми“ наградите e одложено поради штрајкот во Холивуд
Церемонијата на доделување на најпрестижните американски телевизиски награди „Еми“ е одложена за четири месеци и наместо во септември ќе се одржи во јануари, бидејќи штрајкот на актерите и сценаристите го парализира Холивуд.
Церемонијата, која е еквивалентна на Оскарите за телевизија, првично требаше да се одржи на 18 септември, а ќе се одржи во средината на јануари 2024 година, објавија во заедничка изјава организаторите, телевизијата Фокс и Телевизиската академија.
„Задоволство ни е да објавиме дека 75-тото доделување на наградите Еми ќе се емитува во понеделник, 15 јануари 2024 година“, изјави портпаролот на американската телевизија Фокс.




