Ексклузивно за 20-тиот ЕГЗИТ – Соломун ќе го затвори EXIT за неговата 20-годишнина во август
Десет години откако на светски прочуената Денс Арена настапи како ѕвезда во подем, Соломун (Solomun) денеска е нејзин симбол и тоа како еден од водечките светски електронски изведувачи. Долги години во низа овој крал на Ибица и своевиден резидент на „ЕГЗИТ“ (EXIT) фестивал не можеше да го затвори фестивалот со својот настап, бидејќи неговите ноќи на шпанскиот остров беа резервирани токму за во недела.
За дваесет години на „Егзит“, прилика која се појавува само ова лето, Соломун ќе го затвори целиот фестивал и тоа со сет од дури четири часа што воедно ќе биде и најдолгиот настап во историјата на Арената! Во вселенската програма која „ЕГЗИТ“ ја подготвува за фановите од 13 до 16 август се придружува уште еден неприкосновен продуцентски гениј, Масео Плекс (Maceo Plex), кој подготвува дури два настапи, едниот самостоен, а другиот како бек-ту-бек со претходно најавените италијански велемајстори „Тејл Оф Ас“ (Tale Of Us)! Со ова е и заокружена фантастичната екипа на Денс Арена која ја сочинуваат Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Борис Брејча, Амели Ленс, Блек Кофи, АРТБАТ, Денис Султа б2б Диџеј Тенис, Дакс Џеј б2б Кобосил и многу други!
Соломун ќе го затвори EXIT за неговата 20-годишнина во август




